Почнува Самитот Македонија 2025 – во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција
Економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави, ќе говорат на панел дискусиите на Самитот, на кој се очекува да присуствуваат околу 550 гости. Официјалниот дел на самитот ќе го отворат Виктор Мизо, претседавач на Одборот на директори на Македонија 2025 и Никица Мојсоска Блажески, извршна директорка на Македонија 2025.
Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на Самитoт „Македонија 2025“, што ќе почне денеска во Скопје.
Економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави, ќе говорат на панел дискусиите на Самитот, на кој се очекува да присуствуваат околу 550 гости. Официјалниот дел на самитот ќе го отворат Виктор Мизо, претседавач на Одборот на директори на Македонија 2025 и Никица Мојсоска Блажески, извршна директорка на Македонија 2025.
Главните теми на Самитот ќе бидат обработени во 14 панел сесии на кои ќе учествуваат 36 врвни говорници од Македонија и светот. Фокусот ќе биде ставен на потребата од забрзан економски раст и моделите како тој да се оствари, како и на дигиталната трансформација, иновациите, привлекувањето странски инвестиции и борбата против корупцијата. На панелите и преку интервјуа со глобални и домашни лидери, ќе се дискутираат конкретни решенија и добри меѓународни практики за конкурентна, одржлива и поврзана Македонија.
Во рамки на Самитот, ќе се организираат и пет лидерски средби, два настани за вмрежување и осум засебни обуки и работилници за компании, млади таленти и владини институции. На овие настани ќе присуствуваат говорниците од Самитот и членовите на Одборот на директори на Македонија2025. Активностите поврзани со Самитот ќе завршат на 15-ти мај.






