Година: Г

Честоева: За металната конструкција на „Македониум“: За оваа интервенција не е доставено барање за конзерваторско одобрение

Поставувањето на метална заштитна конструкција на споменикот Македониум во Крушево ќе биде предмет на инспекциски надзор, откако Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) соопшти дека за ваквата интервенција не издала конзерваторско одобрение. Директорката на Управата, Весела Честоева, информира дека…

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден….

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот обезбедува повеќе средства за капитални инвестиции, земјоделство, социјална заштита и општините

Продолжуваме да инвестираме таму каде што се создава нова вредност, да ги поддржуваме граѓаните и економијата и да градиме економија што е поотпорна, поконкурентна и подготвена за идниот раст“, порача министерката Димитриеска-Кочоска. Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година…

Собранието го усвоиот ребалансот на Буџетот за 2026 година

Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и…

Мицкоски: Нема уставни измени какви што бара Бугарија

Уставните измени во оваа форма како што сега се бара нема да се случат, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Да разговараме. Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога. Додека е…

Гостивар денеска добива технички исправна вода

По една недела ограничувања и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за користење. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, последните анализи покажуваат добри резултати по спроведеното хиперхлорирање на водоводната…

Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на…

Мицкоски: И понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото

Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ние и понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото иако тоа се берзански производи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.  -Ја следиме состојбата со нафтата на светските…

Замина човекот што ја направи обичноста величествена

Со заминувањето на Гоце Тодоровски, Македонија не изгуби само еден од своите најголеми актери, туку и едно од оние ретки лица што успеаја да станат дел од семејната меморија на цела држава. Почина на 75-годишна возраст, оставајќи зад себе повеќедецениско…

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот градски базен во Кавадарци

Настанот е закажан за 12:00 часот, а по официјалното отворање на реконструираниот објект, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (23 јули, четврток) ќе присуствува на свеченото пуштање во…