Култура Македонија Новости Свет Став Топ Вести

„Duran Duran“ во Македонија?


Британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ потврди на официјалниот инстаграм профил дека доаѓа во Македонија, но сѐ уште не е објавен точниот датум за концертот.

„‘Дјуран Дјуран’ се враќа во Италија ова лето за три специјални настапи во живо. Наскоро ќе бидат објавени повеќе европски датуми, вклучувајќи настапи во Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Македонија, Србија и други“, стои во објавата на бендот на Инстаграм.

Неколку часа потоа, продукцијата „Авалон“ на социјалните мрежи објави стихови од големиот хит на бендот од 1983, „Is There Something I Should Know?“ и со тоа навести дека е можно тие да се организатори на овој концерт.

„Дјуран Дјуран“ одржа концерт во Скопје на 7 јули 2012, исто во организација на „Авалон“.

Англиската рок група е формирана во Бирмингем во 1978 година. Беа еден од најуспешните бендови во осумдесеттите години и бенд број еден во „Втората Британска Инвазија“ од Ем Ти Ви во САД. Од осумдесеттите години до сега, имаат пласирано 14 синглови во Топ 10 на Британската топ листа и 21 сингл во Билборд Хот 100, а според Сандеј Меркјури, имаат продадено преку 100 милиони копии. Кога првпат се појавија, општо беа сметани за дел од нео романтистичката сцена, заедно со други бендови како Спандау Балеј, но подоцна го изгубија овој имиџ. Бендот соработуваше со многу модни творци за да создадат остар и елегантен имиџ, што им го донесе прекарот „најубавите момци во рокот“. Контроверзните видеа од бендот, кои содржеа делумен нудизам и предлози за сексуалноста, станаа популарни во раните осумдесетти на тогаш новоформираниот телевизиски музички канал Ем Ти Ви. Дуран Дуран беа меѓу првите бендови кои ги снимаа своите спотови со професионални режисери и 35 милиметарски филмски камери, што на спотовите им даваше поквалитетен и поблескав изглед. Во 1984 година, бендот се наоѓаше меѓу првите иноватори во видео технологија на настапите во живо. Групата беше формирана од страна на Ник Родс, Џон Тејлор и Стефан Дафи, со подоцнежно приклучување на Роџер Тејлор и по бројни промени во составот, Енди Тејлор и Сајмон Ле Бон. (Никој од тие со презиме Тејлор не е роднински поврзан, а Роџер Тејлор не е тапанарот од Квин, само го носи истото име и презиме) Никогаш не престанаа да создаваат, само имаа промени во составот, гитаристот Ворен Чучуруло од 1989 г. до 2001 г. и тапанарот Стерлинг Кемпбел од 1989 г. до 1991 г. Обединувањето на оригиналните пет членови во почетокот на 2000 година, создаде немир меѓу обожавателите на бендот и музичките медиуми. Енди Тејлор го напушти бендот во средината на 2006 година, а лондонскиот гитарист Дом Браун од тогаш работи со бендот како повремен изведувач и како дел од нивните турнеи.

Хит-бендот од 80-тите во 2021 го објавија својот 15-ти студиски албум Future Past, а во 2013 година,  албумот со 13 песни, Dance Macabre.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *