Македонија Новости Став Топ Вести

Теодора Матеска создаде уникатна архитектонска азбука инспирирана од препознатливи објекти како ГТЦ, Поштата во Скопје, Споменикот на Илинден во Крушево, Универзалната сала…

Теодора Матеска создаде уникатна архитектонска азбука инспирирана од модернистичката и бруталистичката архитектура на Македонија. Секоја буква е изградена од фасади, прозорци, столбови, куполи и препознатливи објекти како ГТЦ, Поштата во Скопје, Споменикот на Илинден во Крушево, Универзалната сала и многу други.

Овој проект не е само визуелна игра – тој е истовремено почит кон нашето архитектонско наследство и креативен израз што ја претвора азбуката во платформа за културна афирмација.

„Архизбуката“ претставува мост помеѓу јазикот, културата и бетонската поетика, со цел да се изгради нов начин на комуникација – преку букви што се и симболи и градби.

Во оваа азбука, секоја буква е изградена од архитектонски елементи – фасади, мостови, куполи, столбови, прозорци, модерни облакодери и историски градби. Но срцето на мојот проект е бруталистичката архитектура што ја дефинира Македонија. Суровите бетонски форми, масивните структури и футуристичките облици на објекти како Поштата во Скопје, Споменикот на Илинден во Крушево, Универзалната сала, ГТЦ и други обележја беа совршен материјал за креирање на азбуката. Светлите и темните делови создаваат дополнителна длабочина, што ја прави секоја буква не само препознатлива, туку и со сопствен карактер.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *