Иако Законот за Советот на јавните обвинители предвидува децидна забрана за членување во политичка партија на членовите на Советот – коалицијата ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со одлучна дрскост, сепак реши за член на Советот на ЈО да го смести Адриан Демири, којшто е истакнат сопартиец на вицепремиерот Изет Меџити и често портпарол на коалицијата ВРЕДИ, реагира со соопштение Левица.
„Наместо универзитетски професори, поранешни судии на Уставниот суд, меѓународни судии, истакнати правници како што наложува Законот – владејачката гарнитура која ветуваше реформи во правосудниот систем, одлучи да продолжи по теркот на СДС и ДУИ, па како ‘гарант’ за правда, инсистира на Демири со просек 6,97 на додипломските студии. Неговата биографија и прилози не содржат никаква надеж дека довербата од 2% воопшто би се покачила.
Имено, Ардиан Демири личната биографија ја започнува со функциите и позициите на неговиот покоен татко, а на една страна од вкупно три, објаснува за статусот на неговото семејство. На втората страна објаснува за неговото вработување во Општина Струга уште за време на неговите средношколски денови и позициите во Општината обезбедни од страна на градоначалникот Рамиз Мерко. На третата страна како доказ за неговата истакнатост, наведува шест гостувања на Алсат ТВ.






