СДСМ: „Небулози“ обидите на Митева да ја сокрие изборната превара со ДУИ
СДСМ реагираше на тврдењата на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, дека тие градат консензус, а СДСМ работи против државата, откако гласаа против зголемувањето на бројот на министерствата во новата владса.
„Само еден месец по парламентарните избори, јасно е дека ДПМНЕ го излажа народот. Ветуваа ефикасна и намалена јавна администрација, а шверцерски, по итна постапка, без анализа и буџетски импликации, среде ноќ, донесоа закон за зголемување на бројот на министерствата.
Митева и 77-те послушници на Мицкоски имаа можност да зборуваат, ама молчеа, немаа што да кажат.Можеа да кажат дали се пудлици седнати во скутот на ДУИ? Што и да зборува сега Митева, колку небулози да шири, не може да го пренебрегне фактот дека е лажливка, дека заедно со колегите лажговци од ДПМНЕ го излажа народот – едно зборуваа пред избори, а друго прават сега.Според Мицкоски ништо во политиката не е случајно, па така кампањата на ДПМНЕ против ДУИ се претвори во политички пазар.
Ветуваа подобри договори и јака меѓународна политика, а веќе отворија кавги со соседите. Ветуваа ќе ја намалат задолженоста, а уште неседнати во фотелјите најавуваат земање кредит од милијарда евра. Сметките за нивните лаги допрва ќе дојдат за наплата, кај граѓаните и државата. ДПМНЕ гордо ги предаде граѓаните, ја изневери довербата на народот“, порачаа од СДСМ.






