Внатрепартиска фракција во ВМРО-ДПМНЕ беше поканета и присутна на два убави и важни настани за Македонија.
Првиот настан беше одбележувањето на 75 години од државноста на Индија во организација на амбасадата на Индија.
Вториот настан беше доделувањето на Ордени за заслуги за Македонија на шестмина странски македонисти кои со својот повеќедецениски нучен труд и работа придонеле кон промоција и утврдување на македонскиот јазик како дел од групата на словенски јазици и еден од современите европски јазици.
Благодарност до амбасадата на Индија и можноста да оствариме повеќе непосредни средби со дипломатите на Индија и со дел од дипломатскиот кор во Македонија кои беа присутни на настанот, рече неформалниот лидер на фракционерите во ВМРО-ДПМНЕ- др. Оливер Андонов.
Тој упати и благодарност за несебичното децениско залагања за проучување и промоција на македонскиот јазик, дијалекти, лингвистика и фонетика на добитниците на Орденот за заслуги за Македонија на колегите универзитетски професори од Полска, Хрватска и Финска. За жал некои од овие исклучителни личности признанието за својата посветеност, љубов и самопрегор кон Македонија и македонската кауза го добија постхумно. Вечна им памет, особено во меморијата на македонскиот народ, рече Андонов.
Посебна благодарност за неговиот целоживотен труд за Македонија беше искажуваме кон посветениот македонски пријател нашиот драг колега од Универзитетот во Осијек Н.Е. Амбасадор Златко Крамариќ, честитајќи му го заслуженото признание.






