Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ги претставува САД на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје оваа недела, објави помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан.
Во контекст на претстојното учество на американскиот државен секретар на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО, што се одржува од денеска до среда во Брисел, О’Брајан пред новинарите во Вашингтон изјави дека Блинкен за време на неговата турнеја низ Европа неделава се очекува да ја истакне континуираната поддршка на НАТО за Украина, јавија светските агенции






