Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски се сретна со Гир, му зборувал за квалитетот на животот


Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, денеска беше на средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но според соопштението од партијата произлегува дека тие воопшто не разговарале за пристапувањето на Македонија во ЕУ и за уставните измени. Туку дека акцентот бил ставен на квалитетот на животот во Македонија, барем според она што го соопштија од партијата.

На средбата присуствувале и потпретседателите на партијата, Александар Николоски и Тимчо Муцунски.

Во соопштението се наведува дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ разговарале со Гир „за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент беше ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.  На средбата со Гир се зборуваше и воопшто за активностите на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски го информираа амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се стави на корупцијата и криминалот. Амбасадорот го информираа за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата. На средбата Мицкоски, Николоски и Муцунски укажаа на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *