Македонија Новости Став Топ Вести

Кој доби преговори пред Македонија: Босна којашто е протекторат, Украина во војна и Молдавија без утврдена територија

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека Босна и Херцеговина ги исполнува условите да ги почне преговорите со ЕУ.

Со тоа се зголеми бројката на земји кои почнаа или ќе почнат преговори пред Македонија, а некои не беа ни држави кои ние добивме кандидатски статус.

Тоа е случајот со Црна Гора која сега е длабоко навлезена во преговорите а во 2005 година кога Македонија доби кандидатски статус беше во заедница со Србија.И Србија ги започна преговорите и има отворено неколку поглавја, но тие се блокирани поради прашањето со Косово.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *