Македонија Новости Став Топ Вести

Таравари ќе го тужи Бунтур за ширење омраза


Откако ЗНАМ излезе со оценки контра Вреди, а потоа Вреди возврати со критики за ЗНАМ, стигна и нова кавга во рамките на коалиционата влада на премиерот Христијан Мицкоски. Министерот за здравство и лидер од Алијансата за Албанците , Арбен Таравари, најави тужба против лидерот на Македонски концепт Петар Богојески за ширење на омраза.Пријавата е најверојатно поради статусот во кој Албанците ги нарече „шиптари“.

„Правниот застапник на Алијансата за Албанците денес (23 август) ќе поднесе кривична пријава против Петар Богојески за сторено кривично дело: „предизвикување омраза, поделби или нетрпеливост по национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. Тужбата ќе биде доставена до јавното обвинителството во 12 часот во Скопје“, стои во најавата на Таравари.

Во меѓувреме  Богојески го сменил терминот „шиптари“ во Албанци, откако премиерот  Мицкоски изјави дека ваквите статуси се недолични.

реакцијата дојде по јавната опомена од Алијансата на Албанците на Зијадин Села која порача дека омразата кон Албанците од страна на моноетничката коалиција не можела подиректно и појасно  да се изрази од овој ФБ статус.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *