Македонија Новости Став Топ Вести

„Горка пилула“ од Управен суд за Антикорупциска и Силјановска-Давкова

Шефицата на Антикорупциска, Димитровска, и кандидатката Силјановска беа самоуверени околу приговорот за Академијата за судии.


Во тоа се увери новиот состав на Антикорупциската комисија и нејзината претседателка Татјана Димитровска по одлуката на Управниот суд по тужбата на Академијата за судии и обвинители.

Димитровска 19 години работеше во Државниот завод за ревизија, стигна до раководни позиции, пред да застане на чело на Антикорупциската комисија. И веројатно со предметот поврзан со Академијата за судии и обвинители разбра дека ревизорската работа е многу покомотна и со помалку правни суптилности отколку да се биде на чело на Државната комисија за спречување на корупцијата. Ревизорите ја завршуваат својата прецизна работа, го пишуваат извештајот и го објавуваат во јавноста, а таа и политичарите после се занимаваат со него.

Во случајот со Академијата за судии и обвинители работата за Татјана Димитровска не заврши откако ја прочита одлуката дека Антикорупциската комисија со пет гласа го усвоила приговорот на Гордана Силјановска-Давкова оти бил прекршен Изборниот законик. Силјановска-Давкова и претставниците на Академијата за судии и обвинители беа повикани на седницата на која се расправаше за приговорот и да се слушнат нивните аргументи, за потоа да се дознае дека одлуката била донесена претходно, пред таа седница.

Одлуката на Управниот суд со која се уважува тужбата на Академијата за судии и обвинители треба да биде момент за отрезнување за новата Антикорупциска, затоа што со вакви брзоплети одлуки може да го поткопаат наследството што го оставија нивните претходници.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *