Македонија Новости Топ Вести

САД и Македонија потпишаа меморандум за соработка во борбата против дезинформации

Премиерот Димитар Ковачевски и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот Џејмс Рубин, потпишаа Меморандум за разбирање кој ја дефинира соработката меѓу двете држави во борбата против манипулацијата со информации.

Меморандумот бил потпишан по вчерашната средба на Ковачевски со државниот секретар на САД Ентони Блинкен, соопшти Стејт департментот.

„Овој Меморандум за разбирање уследи по состаноците одржани во Скопје на 11 април 2023 година, меѓу Владата на Македонија и Стејт департментот на САД. За време на тие состаноци, двете страни изразија загриженост за напорите на Русија и други да шират дезинформации за поткопување на демократијата и националната безбедност низ целиот свет“, се вели во соопштението.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *