Нова седница денеска ќе оддржи Судскиот совет на која се очекува да биде избран нов претседател откако Весна Дамева вчера беше разрешена од функција. Гласањето дојде по барање на нејзиниот заменик Селим Адеми, кој ја обвини дека го криела писмото кое го испратила американската амбасадорка и ги нарушила меѓучовечките односи.
Дамева пак вчера изјави дека има подлабока е причината за нејзиното разрешување и дека најверајатно станува збор за надворешни нарачки. Тврди дека писмото од американската амбасадорка Ангела Агелер им го поделила на сите колеги.