Кацарска: Не очекувам дека иницијативите за солидарниот данок ќе бидат разгледани годинава
За Законот за солидарен данок има повеќе иницијативи пред Уставниот суд и тие се работат, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, посочувајќи дека таа не е оптимист дека ќе се најдат на седница пред уставните судии до крајот на годината.
Прашана до каде е постапката по иницијативте во врска со солидарниот данок и дали се очекува пред нова година да се најде на дневен ред пред уставните судии, Кацарска рече дека предметот се работи.
– Тој предмет се работи, се уште не е готов и не очекувам да биде до крајот на годината. Можеби тимот што работи на предметот ќе успее да го подготви рефератот, но јас до денес немам видено реферат. Со оглед на тоа што се уште пристигнуваат такви иницијативи, навистина не сум таков оптимист дека до крајот на годината можеме да го решиме тој предмет, одговори Кацарска.






