Македонија Новости Топ Вести

ЕУ загрижена измените на Кривичниот законик

Европската Унија е загрижена за дел од измените на Кривичниот законик, а со кои се намалуваат максималните затворски казни и имаат висока импликација за застареност на делата. Портпаролката на ЕК, Ана Писинеро .

„Жалиме поради недостатокот на сеопфатни консултации со домашните чинители и со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за знаменце на ЕУ, која треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со ЕУ. Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки. Во овој контекст, зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и справувањето со корупцијата без одлагање, вклучително и преку солидно досие во истрагата, гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење. Комисијата ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото многу внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори, вели Писонеро за А1он.

А освен Европската Унија, анализа на измените врши и правниот тим во американската амбасада. Амбасадорката Анџела Агелер посочи дека не може да ги коментира измените, бидејќи ги нема видено, но според неа, потребно е да се следат процедурите во првниот систем на Македонија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *