Македонија Новости Став Топ Вести

Мицкоски и Руте разговарале за актуелните безбедносни предизвици

Попладнево премиерот Христијан Мицкоски се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамките на колективната одбрана, објави Мицкоски на социјалните мрежи

Ја реафирмирав нашата цврста определба за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност, додаде Мицкоски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *