Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски : Марија Габриел да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да ја покани бугарската колешка Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените 12 младинци во Ваташа и да побара прошка.

„Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет и да ми кажува што мисли Бугарија за мене. Многупати во минатото со своите постапки наместо како министер за надворешени работи на Македонија во земја во која мнозински народ е македонскиот, да покаже почитување, тој не само што не покажал туку и го погазил. Го советувам Османи да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи да земе пример од една европска земја, да дојде овде на споменикот во Ваташа, да клекне и да се извини и да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна. Тогаш можеме да седнеме и да размислуваме за какво било простување, за каква било прошка“, рече Мицкоски.

Тој потсети дека германскиот канцелар Вили Брант на тој начин ѝ се извинил на Полска. Тој го повика и премиерот Димитар Ковачевски да не се плаши да излезе на избори.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *