Македонија Новости Став Топ Вести

Потоп на СДСМ и во Куманово:Максим Димитриевски и Горан Стојковски – Диро во втор круг за избор на градоначалник на Куманово

Максим Димитриевски и Горан Стојковски – Диро во втор круг за избор на градоначалник на Куманово

СДСМ не е ниту втора, а ниту трета партија во нивниот „бастион“ Куманово. Максим Димитриевски води во првиот круг со 16.183 гласови, пред Стојковски Диро со 5.946 гласови.

Вториот круг за Куманово ќе се одржи на 2 ноември. „Ако има втор круг, ЗНАМ дефинитивно ќе биде победник на претстојните локални избори, бидејќи повеќе од јасна е желбата на граѓаните, кои препознаваат континуитет и развој на овој град и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух“, изјави Димитриевски, кој синоќа со своите поддржувачи ја славеше победата во првиот круг.

Од друга страна, независниот кандидат Стојковски и граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“ порачаа дека граѓаните испратиле јасна порака за промена. „Со вашата поддршка покажавте дека верувате во нова, одговорна и чесна локална власт. Продолжуваме со уште поголема енергија во вториот круг, решени да ја донесеме големата победа за Куманово на 2 ноември“, напиша Стојковски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *