Македонија Новости Топ Вести

Џејмс Рубин доаѓа во Македонија

Американското министерство за надворешни работи соопшти дека специјалниот претставник на Стејт департментот, Џејмс Рубин, идната недела ќе посети неколку земји од Западен Балкан, вклучително и Македонија.

Тој од 10-ти до 14-ти април ќе ги посети Подгорица, Скопје и Тирана.

„Тој со владините претставници ќе разговара за зајакнување на поддршката за иницијативите против дезинформациите, кои доаѓаат од Русија, Кина и другите злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност ширум светот “, се вели во соопштението на министерството.

Џејмс Рубин во изјава за српската телевизија Н1, рече дека сега е „време на големи надежи на Балканот“.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *