Протестот започна пред Влада и продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде се побара ОДГОВОРНОСТ за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од МЗ како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаевите.
Протестантите и денес беа креативни во своите пораки кон надлежните институции и како главна парола се довикуваше „Апсете го кабелот‘‘.
Протестите ќе продолжат и следниот понеделник каде повторно протестантите ќе бараат правда за жртвите.
На протестите „Против убиствата на Онкологија“, каде главна порака на протестирачите до властите и надлежните е „Правда за жртвите на онкологија“. Реакциите во јавноста речиси цел месец не стивнуваат, правдата се’ уште ја нема, а револтот е се поголем. Дел од јавните личности, актери, уметници, пејачи, универзитетски професори и останати изразија поддршка за овој протест.
Поддршка дадоа актерите Васил Зафирчев, Јелена Јованова, Сара Климоска, албанскиот водител Јелмаз Дервиши, понатаму, редакциите на „Слободен печат‘‘ и „ИРЛ Македонија‘‘, како и познатиот инстаграм инфлуенсер Даниел Николовски.
Претходно протестот го подржаа и Сашко Коцев, популарниот рапер Тони Зен, деканот на факултетот за Музичка уметност, композитор и пијанист Дарија Андовска, актерот Атанасовски Атанас и многу други.
Божидар Божиновски, кој важи за еден од најактивните и најпопуларните „фејсбукџии“, е еден од поддржувачите на протестите, кој повикува на поддршка на истиот уште кога беше најавен првиот протест. На протестите, тој беше забележан пред Јавното обвинителство.
Линк до видеото: https://www.facebook.com/watch/?v=297002079729007





