Сиљановска: Билатерализацијата на интегративниот процес поголем проблем од соседите
Колку сме поединствени, толку ќе бидеме поотпорни на било какви предизвици. Верувам во регионалното единство и повикувам на јасен, силен, единствен регионален глас што ќе ја обликува нашата заедничка иднина во Европа, е пораката што ја упати претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај и бугарскиотр претседател Румен Радев по завршувањето на денешниот Самит на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржа во Тирана.
– Отсекогаш сме биле не само географски дел од Еверопа, туку и историски и културно. Време е и политички да станеме дел од Европа. Ова јас не го нарекувам реинтеграција, ова го нарекувам реунификација бидејќи таа нема да биде завршена без нас, беше децидна Сиљановска – Давкова.
Додаде дека не смееме да дозволиме да бидеме геополитичка и геоекономска периферија. Потребна ни е, истакна таа, соработка, инфраструктурна, економска, енергетска, дигитална затоа што преку соработката ќе изградиме посилен и поповрзан и поконкурентен регион.
– Да не очекуваме да не почитуваат, ако не се почитуваме меѓусебе. Поддржувам и поддржуваме заеднички регионален пазар и интегрирање на нашиот пазар во Европскиот, тоа мора да е врзано со реформи, а тоа ни го овозможува планот за раст на ЕУ, рече на прес – конференцијата Сиљановска-Давкова.
Упатувајќи честитки до домаќините – Албанија за досегашното претседавање со ПСЈИЕ и до идните – Бугарија, претседателката Сиљановска – Давкова уште еднаш повтори дека на сите ни е јасно дека патот до нашата европска иднина води преку регионалната соработка и солиданорст. Во таа насока, таа искажа длабока благодарнсот за покажаната солидарност по трагичниот пожар во Кочани.
– Таквата хумансот и соседска грижа се потврда дека регионалната солидарност не е само вредност, туку е вистинска практика. Повикав денеска оваа солидарност да не остане изолиран гест, туку да стане суштински елемент во градењето на стабилен, безбеден и просперитетен регион, темел за промени, а не само реакција на кризи, рече претседателката на Македонија.
Не можев, нагласи таа, да не укажам на сериозните пречки што ја забавуваат европската интеграција на регионот.
– Мислам дека постоеја и се уште постојат предрасуди како рецидиви од минатото дека ние сме периферијата на европската периферија. Укажав и на потребата од надминување на билатерализацијата во интеграцијата бидејќи од најблиските соседи очекувам најголемо разбирање. Ваквите постапки што нема да застант на нашиот случај, не само што го поткопуваат процесот, туку ја засилуваат всушност перцепцијата за Балканот дека се уште не е подготвен за Европа, потенцираше Сиљановска – Давкова.
Тоа значи, додаде претседателката на Македонија, ние сме одговорни да ги промениме овие наративи и трендови, бидејќи силно влијаат врз демографската слика на регионот.
Укажа дека сите земји во реигонот се соочени, особено мојата земја, како што рече, со масовна депопулација, со егзодус на најумните, младите заминуваат и тоа е гоелма загуба и се чувастрвува не само во економијата, туку и во демократијата. Треба да ги инспирираме да остранат дома, порача таа.






