Култура Македонија Новости Топ Вести

Костадиновска-Стојчевска: Да се постигне системско решение што трајно ќе го реши проблемот со платите во јавната администрација

Без поддршка ниту еден од министрите немаше да влеземе во овој процес на изнаоѓање на едно системско решение кое што ќе го реши трајно проблемот во однос на платите на јавната администрација, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во ТВ24.

-Сметам дека треба да се донесе едно такво системско решение кое што еднаш засекогаш ќе ги регулира платите во јавниот сектор и дека никогаш повеќе нема да се соочиме како министри и како Влада со индивидуални тужби кога од еве 2014 година имаме еден пример кога се зголемувале бодовите по телефон без никаков документ, без црно на бело, без никаков доказ и сега тие тужби доспеваат и сега ние веќе како држава треба да се соочиме со тие тужби, рече министерката.
Таа истакна дека треба да се изнајде системско решение бидејќи јавната администрација не смее повеќе да биде оставена последна да чека. Според неа, треба да се надмине и проблемот со дисторзија во платите.

-Ставката за плати во администрацијата во Министерството за култура мора да биде загарантирана, не смее да си дозволуваме кратење од програма, кажа Костадиновска-Стојчевска.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *