Македонија Новости Став Топ Вести

Проф. Др. Владимир Трајковски: Почитувани колешки и колеги сакам да Ве потсетам на принципите на асепса

Проф. Др. Трајковски е македонски генетичар, професор по Хумана генетика, Физиологија со функционална анатомија, Медицински основи на инвалидноста и Аутизам и претседател на Македонското научно здружение за аутизам.Тој на својот фб профил испрати апел до своите колеги.

Почитувани колешки и колеги од клиниките и болниците во кои се лекуваат повредените од трагедијата, сакам да Ве потсетам на принципите на асепса и да не дозволувате посети од било кого за да не ви се повтори сценариото од Романија од пред 10 години.

Асепса е збир на мерки и постапки кои се применуваат за спречување на контаминација со микроорганизми. Таа има за цел да создаде и одржи стерилна средина во медицински, лабораториски и хируршки услови.

Асепсата се постигнува преку:

Стерилизација на инструменти и материјали

Дезинфекција на површини и раце

Коректна употреба на заштитна опрема (ракавици, маски, капи, стерилни наметки)

Контрола на воздухот и средината (ламинарен проток, филтрирање)

Примената на асептични техники е клучна во превенцијата на инфекции, особено во болнички и хируршки услови.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *