Клековски: Испратените во странство од Кочани се во стабилна состојба
Директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, на својот Фејсбук профил објави дека денеска се згрижени над 140 настрадани.
– Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Пристигнатите во странство се стабилно. Ноќеска и рано наутро ќе заминат уште 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4. Има можности за лекување во Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица, напиша Клековски на Фејсбук.
Тој информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во координација со МВР и МНР.
– Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија. Сите повредени се згрижени најдобро што можеме, објави Клековски.