Пензионерите разговараат меѓу себе за линеарното покачување ма пензиите од 2500 денари кое го добија овој месец за септемвриската пензија. Повеќето изразија разочараност, велејќи дека со овие средства не можат да поминат ни два дена односно доволни се колку за еден ручек.
Инаку просечната пензија според статистиките на Пензискиот фонд, во јуни изнесувала 21.241 денар што е 51.5% од нето просечната плата која изнесува 41.252 денари. Од вкупниот број пензионери, повеќето го поминуваат месецот со приходи од 13.192 денари до 22.500 денари.






