Македонија Новости Став Топ Вести

Филипче: Ако Мицкоски не каже кој му нудел мито, станува соучесник


Претседателот на СДСМ денеска побара од премиерот да му ги даде информациите на обвинителството кој бил тој што му нудел мито за пругата кон Бугарија и ако не го стори тоа се претвора со соучесник. Венко Филипче изјави дека е крајно несериозно различни функционери да даваат различни изјави по однос на овој проект кој е НАТО коридор и од стратешко значење за државата.

Тој рече дека зачудува што за наводното мито понудено на премиерот, ниедна друга институција која треба да спроведе истрага нема информација.

„Тоа што  го изјавува премиерот е многу сериозно. Но, зачудува што ниту една друга институција нема информација. ОЈО да отвори постапка и премиерот во таа постапка да ги каже сите информации. Ако тоа не се случи тоа е соучество на Мицкоски“, рече Филипче.

Според него, однесувањето на Мицкоски преку прес-конференции води партиски ПР наместо да ги докажува своите сериозни обвинувања преку институциите.

„Го осудувам тој пристап на употреба на говорница и ПР пораки за сериозни работи и обвинувања. Со ова Мицкоски докажува дека единствено што прави е политизирање и манипулација, неместо сериозна истрага и докази. Дополнително, станува збор за проект во кој заем дава ЕУ. Значи, и тие институции нѐ мониторираат апропо ова прашање. Така што, треба Обвинителството да отвори постапка и да се расчисти тоа до крај“, нагласи Филипче.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *