Новости Стил Топ Вести

ЛДП подготвена да разговара и за изборен праг

Либерално демократската партија (ЛДП) е подготвена да разговара за евентуално воведување на изборен праг во случај на отпочнување процедура за промена на Изборниот законик, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова.

„Не можам да зборам во име на другите предлагачи, но Либерално-демократската партија е подготвена да води преговори за изборниот праг, со тоа што оние предлози за 5% и слично би дале спротивен ефект на она што треба да значи моделот на една изборна единица“, вели Зајкова.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *