Продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов—се изјаснија за невини.
Следејќи го мобилниот телефон, првата локација што ми ја покажа Гугл веднаш по исчезнувањето на ќерка ми беше една напуштена куќа на булеварот Партизански одреди во Скопје, изјави мајката на убиената Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска, на денешното сведочење за убиствата на нејзината ќерка и на велешанецот Панче Жежовски. Решив да му се јавам на Александар, му кажав дека Вања ја нема. Рече дека ќе дојде и со Александар со возило отидовме на местото каде што покажа Гугл, ама таму имаше една напуштена куќа. Викавме: Вања, Вања, ама ништо. Околу 8.30 часот во полиција направивме пријава и почна потрагата, сведочеше Зорица Ѓорчевска.
Таа вели дека во потрагата по Вања биле вклучени нејзини родинини, колеги, родители од одделението на Вања, децата од нејзиното одделение кои печателе флаери, родителите прегледувале камери.






