Македонија Новости Став Топ Вести

 Се враќа нормалната ограда околу Влада

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски напиша на Фејсбук дека се враќа оградата околу владата.

Тој вели дека оградата околу Владата, која претходно била репарирана, денеска се поставува околу владината зграда.

„Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно отстранетата ограда на Владата.

Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална.

Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција“, пишува Томовски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *