Македонија Новости Став Топ Вести

СИРИЗА: Изјавата на Мицкоски е „ново провокативно прекршување на Преспа“


СИРИЗА категорично го осудува „новото провокативно прекршување на Договорот од Преспа од претседателот на ВМРО, господинот Христијан Мицкоски и го повикуваме конечно да се усогласи со меѓународното право“, соопштија вечерва од грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението за денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од СИРИЗА велат дека „сакаат да го потсетат на принципот на меѓународното право „pacta sunt servanda“ (договорите се обврзувачки и треба да се почитуваат), како и на предвидените санкции што произлегуваат од меѓународното право при континуираното прекршување на Договорот од Преспа.

Потсетуваат и дека Договорот е предуслов за членство на Северна Македонија во Европската унија и паралелно упатуваат апел, но и критики до грчката Влада.

„Ја повикуваме Владата на Мицотакис да ги преземе потребните активности како што е предвидено со Договорот од Преспа и веднаш да го интернационализира прашањето со што новото раководство на Северна Македонија ќе се соочи со своите одговорности пред меѓународната заедница во случај да продолжи да го прекршува Договорот, пишува во соопштението од СИРИЗА.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *