Македонија Новости Став Топ Вести

Силјановска даде заклетва пред Македонија

Помогнете им, пратеници витези, на жените да го изразат тоа  што не можеле досега, порача Силјановска во обраќањето


Новоизбраната претседателка Гордана Силјановска- Давкова даде заклетва денес пред пратениците со што официјално ја презеде функцијата од нејзиниот претходник Стево Пендаровски. На инагурацијата присуствуваа претставници од сите партии, сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, екс-претседателот Ѓорге Иванов, но не и Бранко Црвенковски.

Обраќањето Силјановска го посвети на жените при што порача дека со користење и на тој ,како што рече, педесет процентен потенцијал на интелигенција, ум и убавина Македонија ќе стане пристојно место за живеење.

Во обраќањето, како и во заклетвата, таа го употреби името Македонија, поточно само зборот „Македонија“, нешто што јасно порачаа од Атина дека со внимание ќе го следат. Со овој гест таа практично обезбеди уште едно вето за Македонија во ЕУ.

„Моите зборови се во битка со емоциите. Сѐ уште не ми се верува дека добив ваква доверба од 56о.000 граѓани. Единствениот кој тврдеше дека ќе се случи тоа е Христијан Мицкоски, а јас одговорив, не е можно, на што тој одговори дека не е професор за уставно право туку математичар и тоа се случува кога ќе има хармонија меѓу математиката и емоциите, рече Силјановска дочекана со гласен аплауз од досегашната опозиција. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *