Македонија Новости Став Топ Вести

МАКСО ДО ПЕНДАРОВСКИ: РАЗЛИКАТА Е ОГРОМНА, ОТКАЖЕТЕ СЕ ОД ВТОРИОТ КРУГ!

Јас не се сеќавам дека во историјата на Македонија да се случило да имате партија со околу 3.500 членови, а да имате над 80.000 гласови на изборите, порача лидерот на ЗНАМ и кандидат за претседател Максим Димитриевски на вечерашната прес-конференција.

Регистриравме партија којашто постои околу 3 месеци, а на претседателските избори освоивме над 80.000 гласови, рече лидерот на ЗНАМ и кандидат за претседател, Максим Димитриевски, на денешната прес-конференција.

– Намерите на ЗНАМ се искрени кон сите граѓани. Нашата цел ќе биде конечно Македонија да ја видиме онаму каде што заслужува да биде, рамо до рамо со сите пријатели во светот. Јас како кандидат и ЗНАМ освоивме над 80.000 гласови. Сметам дека ова е одличен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на Македонија да се случило да имате партија со околу 3.500 членови, а да имате над 80.000 гласови на изборите. И покрај тоа што десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа во Куманово. И ние како политичари треба да учиме од овие изборни резултати, бидејќи граѓаните ја дадоа насоката како државата да се движи во иднина. Идентитет, јазик, култура, самобитност, тоа е нашата цел. По завршувањето на парламентарните избори, ЗНАМ ќе биде политички фактор без кој нема да може да се формира идната Влада во државата. И тогаш, при отпочнување на преговорите за ново парламентарно мнозинство, ќе ги дадеме нашите предлози за тоа што значат националните црвени линии со коишто ќе се постигне национално единство и братство – рече Димитриевски.

Тој му упати порака на кандидатот на СДСМ и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски:

– Мој претседателе, гледате и самите дека разликата е огромна. Затоа, ве советувам, откажете се од оваа битка, повлечете се од вториот круг – му порача Димитриевски на Пендаровски.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *