Наместо сегашниот пристап „сѐ или ништо“ овој план ќе им овозможи на земјите во чекалната на ЕУ да искористат некои придобивки од членството
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе претстави предлози кои би го промениле начинот на кој ЕУ ги прима новите членки. Наместо сегашниот пристап „сѐ или ништо“, Брисел сака постепено да ги ублажи патот на Западен Балкан, Украина и Молдавија, а евентуално и на Босна и Херцеговина во ЕУ
Овој план, ако биде усвоен, ќе им овозможи на земјите во чекалната на ЕУ да искористат некои придобивки од членството, наместо да чекаат со години или децении додека ги преземат потребните реформи. Брисел предлага на земјите-пристапнички постепено да им се дозволи да се приклучат на единствениот пазар – што е извлечено од предлогот на Франција, Германија и Португалија.
Комисијата предупредува дека правата и обврските на единствениот пазар „не можат да бидат à la carte“ – но дека лидерите на Унијата ќе треба да разговараат за кои степени или чекори на пристап треба да дојдат со што обврските.
Во овој план една од точките е и укинување на ветото – со заштитни мерки: повеќето лидери на ЕУ веќе предупредија дека Унијата со 30+ членки ќе биде уште потешко да се управува. Брисел предлага да се оддалечи од барањето за едногласност (што ги заглавува одлуките за надворешната и даночната политика) за да се избегнат идни ќор-сокаци. Документот наведува квалификувано мнозинство „со соодветни и пропорционални заштитни мерки за да се приспособат на таквите стратешки национални интереси“.
Комисијата инсистира на тоа дека исфрлувањето на едногласноста од некои одлуки не бара промена на договорот на ЕУ, со оглед на тоа дека патеката е веќе запишана во тековните договори кои им дозволуваат на земјите да ги променат правилата за гласање (преку едногласно гласање).
27-те европски комесари треба да го поддржат документот на денешниот состанок на Колеџот. Некои главни градови на ЕУ беа нервозни поради документот, бидејќи не сакаа голем фокус на проширувањето пред изборите за ЕУ во јуни.
Во меѓувреме, европските лидери ги одржуваат разговорите за проширување на минимум, особено на само три месеци до изборите за ЕУ.
„Да бидеме искрени: никој не сака да зборува за ова [проширување] пред европските избори“, рече еден функционер на ЕУ за „Политико“.
Идното проширување би значело дека сите сегашни земји на ЕУ „ќе мора да платат повеќе, а да добиваат помалку. Блокот одлучи дека подготовките за евентуална интеграција на Украина, Молдавија, Грузија и шест земји од Западен Балкан треба да се вршат внатрешно, а не пред очите на јавноста.
На крајот на краиштата, добредојде на нови членки во ЕУ е невозможно без внатре-европски реформи, рече Каи-Олаф Ланг од Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања.
Тоа не е нешто што сакаат да го слушнат европските земјоделци, кои ќе бидат во Брисел на уште една рунда протести додека шефовите на влади на 27 ЕУ ќе се состанат во Брисел овој четврток.





