Македонија Новости Став Топ Вести

Вархеи: По изборите да го надомести изгубеното време со уставните промени

Еврокомесарот за проширување го повика Европскиот совет веднаш да ги почне преговорите со Тирана

Владата што ќе биде избрана по изборите да ја забрза својата работа и да го надокнади пропуштено во изминатите две години, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во Брисел. Иако директно не ги спомена, јасно е дека Вархеи во обраќањето уште еднаш потсети дека уставните измени се клучниот услов Македонија да ги отвори преговарачките поглавја.

„Македонија се соочува со избори. Се надевам дека владата која ќе дојде по изборите, ќе ја забрза својата работа, работа која на некој начин беше запоставена во изминатите година, две. Потоа ќе го видиме испорачаното од нивна страна за да можеме да продолжиме во следната фаза, односно ефективен почеток на пристапните преговори“, изјави Вархеи.

Вархеи исто така го повика Европскиот совет да ги почне преговорите со Тирана, што практично би значело раздвојување од пакетот со Скопје во преговарачкиот процес.

„Албанија ги исполни сите услови за отворање на првиот кластер. Но, повторно, оние од другата страна на улицата (Европскиот совет) треба да ја донесат одлуката, бидејќи условите се исполнети, а предлогот подготвен од поодамна. Сега е моментот Советот да го опстои на зборот и да испорача за кредибилитетот на процесот на проширување. Сакаме кластерот да биде отворен, сега“, рече Вархеи.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *