Македонија Новости Топ Вести

Крај на нелогичните заработувања – каматата повеќе да не може да биде повисока од долгот

Со измените на законите за облигациони односи и за извршување, кои денес беа усвоени во Собранието, се овозможува износот на стасаната, а неисплатена казнена камата кога ќе го достигне износот на главнината, таа да престане да тече


Собранието денеска ги усвои измените на Законот за облигациски односи и на Законот за извршување кои ќе овозможат да се стави крај на каматите кои значајно го оптоваруваа долгот на граѓаните, но и на злоупотребите кои беа регистрирани во досегашната практика.  Практично, измените на Законот за облигациони односи, како и Законот за извршување ќе овозможат каматата повеќе да не може да биде повисока од долгот.

Една од целите на измените на Законот за облигациски односи е заштита на правата на должникот поради неактивна улога на доверителот и извршителот.

-Во досегашниот Закон за облигациските односи беше предвидено сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, да застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок за застареност. Со измените на Законот, се врши измена на оваа одредба со тоа што рокот за застареност се скратува на пет години од правосилноста на одлуката (соодветно на општиот рок на застареност на побарувањата), зашто има злоупотреби со тоа што намерно се чекаат да изминат девет години и единаесет месеци и се започнува постапка за извршување, со цел да се добие надомест за камата, се наведува во текстот.

Целта е, се додава, да се намали злоупотребата на правата, односно да се намали можноста од алтернативни заработувања со камати, како и стимулирање на доверителите за поефиканса и побрза реакција.

-Со постојниот член од законот се создава правна несигурност односно одредбата од членот е нејасна во делот за тоа дали извршната исправа застарува за 10 години, како апсолутен рок на застареност, или пак во постапка за извршување настапува прекин на застареност и истата одново почнува да тече во зависност од секое дејствие на извршителот.

Заради целисходност на одредбата потребно е да биде внесен нов став кој ќе го појаснува овој дел, при што предлог е застареноста да може да биде прекината само во случај на наплата и реализација на дел од побарувањето, а не со само превземено дејствија на Поднесено барање за извршување, Изготвен налог и слично, а општиот рок на застареност на веќе отпочната извршна постапка да биде 10 години од поднесеното Барање на извршување, појаснуваат пратениците.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *