ДИК: Османи, Димитриевски и Ванковска сигурно грабат кон кандидатура
Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат по помалку од илјада потписи
Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден вкупно 14.360 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата. Според објавените податоци на ДИК, досега никој од кандидатите за шеф на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните.
Според пресекот на ДИК, Бујар Османи, кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за кого се потпишале , лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски и Билјана Ванковска-Цветковска кандидат на Левица ,веќе надминале половина од потребните 10.000 потписи .






