Нема никаква саботажа во МВР, изјави дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев
МВР не потфрли во проценките колку пасоши се потребни затоа што нарачката беше околу два милиони, а во државата имаше 1,8 милиони важешки пасоши. И нема никаква саботажа во МВР, изјави вечерва за ТВ 21 дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев. Тој додаде дека во четврток или петок ќе стигнат уште 100.000 обрасци за пасоши.






