Македонија Новости Топ Вести

Мицкоски оптимист: Се под 61 пратеник ќе биде историски пораз за ВМРО-ДПМНЕ


ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе однесе убедлива победа со минимум 61 пратеник во Собранието, тврди лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој смета дека се под ова ќе биде историски пораз за ВМРО-ДПМНЕ. За исполнување на оваа цел, Мицкоски повика на партиско обединување. Мицкоски и со порака до сите идни функционери од партијата  дека лично ќе се пресмета со секој оној кој ќе работи нечесно и спротивно на интересите на граѓаните.

И покрај цврстиот став на опозицијата дека нема да поддржи измени на Уставот, министерот за надоврешни работи вели дека се уште е оптимист. Османи останува на ставот дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои се свесни за историската можност пред која се наоѓа Македонија и дека ќе го поддржат процесот во Собранието. Вчершаната одлука на Мицкоски да ги прекине сите комуникации со власта, Осамни вели дека е лоша и непромислена и уште еден доказ дека партијата работи само за личните интереси.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *