Седницата на Надзорниот одбор во националниот давател за воздухопловни услуги М-НАВ за смена на раководството ќе продолжи и денес, се до комплетирање на целокупната документација, информираат од Македонската навигација.
Седницата започна вчера попладне, 17 јануари, откако Владата на 9 јануари даде препорака до Надзорниот одбор да разреши двајца од тројцата директори: Фахрудин Хамиди, кој беше извршен директор, и Љубе Стаменковски, кој беше секторски-технички директор.
На нивно место треба да се именуваат Хекуран Асани и Милан Кораќ.
„Седницата на Надзорниот одбор ќе продолжи и утре се до комплетирање на целокупната документација, лиценци, дозволи итн. Услови што треба да се исполнат од страна на предложените кандидати од Владата за членови на Управниот одбор“, информираат за МИА од М-НАВ.






