Македонија Новости Топ Вести

Хекуран Асани е нов предлог на Владата за директор на М-НАВ

Надзорниот одбор треба да ги разреши двајцата директори. Владата на нивно место ги предлага Илир Мехмеди и Милан Кораќ

 Хекуран Асани е нов предлог на Владата за претседател на Управниот одбор на давателот на воздухопловни услуги М – НАВ. Од Владата информираат дека ја смениле првичната одлука од денешната седница со која до надзорниот одбор на М-НАВ дадоа насоки нов претседател на УО да биде Илир Мехмеди затоа што не ги исполнувал условите за функцијата.

Со претходната одлука, како што најави премиерот Димитар Ковачевски минатата недела Владата на денешната седница побара од Надзорниот одбор на М-НАВ да бидат разрешени претседателот на Управниот одбор и извршен директор Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор  Љубе Стаменковски.

Во исто време таа заклучи на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ. Владата сама не може да ги разреши од овие функции Хамиди и Стаменковски туку тоа треба да го направи Надзорниот одбор.

„Владата на денешната седница даде насока на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ. Владата воедно му препорача на Надзорниот одбор за извршен Директор во СВН да го именува Илир Мехмеди, а за извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ“, стои во изјавата од Владата.

Илир Мехмеди (53) додипломските студии ги завршил на Универзитетотет Загреб на техничкиот факултет каде се се стекнал со звање – инженер по воздушен сообраќај. Магистер станал на истиот факултет, а докторските студии ги завршил на Универзитет
„Св. Климент Охридски“ во Битола. Бил професор на факултетот во Битола, а потоа и на Државниот универзитет во Тетово, а сега и на Универзитетот „Мајка Тереза” –
Скопје.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *