Додека Македонија ги бараше Вања и Панче, Палевски си пишувал политички статуси!
Додека цела Македонија трагаше по исчезнатото 14-годишно девојче, осомничениот Љупчо Палевски Палчо си објавувал политички статуси со националистичка и антизападна содржина на својот профил.
Дури шест објави има на 1-ви декември, а последната објава му била во 13:51 часот, по што се чини дека тоа е и истиот ден кога избегал од државата.
Претходно, еден и два дена по исчезнувањето на Вања, (28-ми и 29-ти ноември) тој имал и долги видеообраќања до своите следбеници, повторно поврзани со политика, каде обвинува дека Македонија е пералница на пари во Европа. Истиот ден има и 2,5 часовна дебата.
Сепак, на 27-ми ноември (денот на грабнувањето и убиството на девојчето) нема објавено ништо на Фејсбук, додека пак на 22 ноември, кога исчезнува убиениот Панче Жежовски од Велес, се појавуваат неколку објави на неговата Фејсбук страница.
Во ниту еден момент не ги споменува исчезнатите по кои трага цела Македонија.
Инаку, неофицијалните информации велат дека со ова движење се поврзани и другите осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.