Македонија Новости Став Топ Вести

Мизрахи соопшти нејзини заклучоци за Онкологија

Рашела Мизрахи соопшти заклучоци, според кои виновен е поранешниот министер Венко Филипче.


Членовите на Анкетната комисија за Онкологија на денешната седница не може да се усогласат за заклучоците од досегашната работа за утврдување на политичка одговорност.

Претседателката на Анкетната комисија за скандалот во Онкологија, Рашела Мизрахи, на денешната седница соопшти дека заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи, политичка одговорност за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија е утврдено кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тогашните медицински и економски директор на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, тогашната директорка Ирина Сотирова-Бухова, тогашните директори на ФЗО Стево Кртсевски и Фатон Ахмети.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *