Македонија Новости Топ Вести

Сијарто: Тоа што ѝ се прави на Македонија е одвратно


Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денес од Скопје порача дека е „страшно“ тоа што Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ заради Бугарија, иако 18 години беше земја кандидат. Тој најави дека Будимпешта ќе го стави цврсто ова прашање на агендата кога ќе го презеде ротирачкото претседателствување со ЕУ од јули 2024.

Откако предупреди дека сѐ уште постојат некои земји членки кои го забавуваат процесот на преговори за ЕУ и поставуваат пречки, тој наведе дека Бугарија го блокирала и писмото што ЕУ требало да ѝ го испрати на Македонија пред неколку недели. 

„За нас ова е страшно. Страшно е Македонија да е земја кандидат веќе 18 години и да не ги почне преговорите, тоа е одвратно и покажува непочитување кон земјата кандидат, а  наедно е контрапродуктивно за ЕУ бидејќи ѝ го урива крединилитетот. Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ ќе ги превртиме сите камења за да бидеме сигурни дека пристапувањето на Северна Македонија и на целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побрзо“, прецизираше шефот на дипломатијата на Унгарија.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *