Македонија Новости Топ Вести

Ратка Камчева, Сергеј Самсоненко и „Орка холдинг“ на црната листа на САД

„Нивните дејствија покажуваат како одредени елити профитираат од корупција и ги нарушуваат државните институции на сметка на граѓаните“, стои во образложението


Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, мајката на бизнисменот Орце Камчев  Ратка Камчева, како и неколку нивни компании се најновите имиња на црната листа на САД објавена во четвртокот попладнето.

Во одлуката на американското Министерство за финансии се наведува дека сите споменати лица и фирми се ставени на листата поради нивната тесна поврзаност со Јордан Камчев, кој самиот беше ставен на „црната листа” во јули годинава, како и поради нивни коруптивни и незаконски активности.

„Нивните дејствија покажуваат како одредени елити профитираат од корупција и ги нарушуваат државните институции на сметка на граѓаните на државите“, се наведува во образложението.

Американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер соопшти дека „ова е предупредување до поединци кои ја злоупотребуваат својата моќ и  довербата на луѓето и дека САД ќе ги повика на одговорност корумпираните актери“.

„Оваа назнака е потсетник дека соработката со одредени луѓе ќе има влијание врз вас и вашето семејство”, вели Агелер. 

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *