Култура Македонија Новости Топ Вести

ОБСЕ ги презакажа „Бесачи“ во МНТ

Поради одлуката на Владата, во врска со 30. Министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 29 и 30 ноември 2023 година во Скопје, изведбите на претставата „Бесачи“ закажани на 29 и 30 ноември се откажуваат поради неработните денови, соопштија од Македонскиот народен театар (МНТ).

Како што се вели во соопштението на националниот театар, изведбата на претставата се презакажува за први декември, а сите посетители кои билетите ги купиле преку онлајн-системот ќе бидат директно контактирани и известени.

Воедно ја информираме и публиката за купените билети на билетарницата во МНТ каде што ќе ѝ бидат заменети за први декември, велат од Националниот театар

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *