Усвојувањето на уставните измени е прашање што е во рацете на самата држава и на Собранието и тие што се засегнати, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир за процесот на промена на Уставот и внесување на бугарското малцинство.
„Тоа е суверена одлука што треба да се носи, но штом ќе се донесе таква одлука, одиме кон следниот чекор, што значи дека земјата продолжува да се придвижува напред и нема други дополнителни одлуки, кои треба да се носат понатаму“, вели Гир.
Истакна дека живееме во исклучителни времиња како резултат на руската агресија врз Украина и токму тие случувања, како што додаде, го произведоа исклучителниот нов момент во сферата на самото проширување и токму тие околности создадоа можност на земјите да може бргу да се движат на својот евроинтегративен пат.
Гир се надева дека што побргу ќе се усвојат уставните измени и верува дека местото на Македонија е во ЕУ.






