Македонија Новости Топ Вести

Ковачевски – Агелер: Проевропските политичари да ја осигураат европската иднина на Македонија


Премиерот  Димитар Ковачевски се сретна со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер и разговараше за  претстојните активности кои ги очекуваат двете земји, во насока на зацврстување на партнерството и реализирање на заедничките приоритети, со акцент на неколку конкретни области.

„Ковачевски и Агелер потенцираа дека стратешкото партнерство помеѓу Македонија и САД е во фаза на унапредување, преку зајакнување на соработката во рамки на стратешкиот дијалог и дека оваа динамика е поврзана со прогресивните политички определби на државата.

Во тој контекст, реафирмирана е силната поддршка од САД во процесот што треба да овозможи севкупен напредок на земјата, а посебно на планот на евроинтеграциите, за што заеднички беше оценето дека е неопходно да се одржи европскиот правец и дека претстојниот чекор во Собранието  е од клучна важност за тоа. Споделен е ставот дека проевропските политички субјекти мора да го препознаат својот дел од одговорноста во овој момент, за да се осигура европската иднина на македонските граѓани“, стои во соопштението од средбата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *