Македонија Новости Топ Вести

Анкета на „Фокус“: Груевски во Будимпешта сеуште со поголем рејтинг од Мицкоски во Скопје


Последната анкета на „Фокус“ покажува дека поранешниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се уште има подобар рејтинг и е поомилен кај нивните гласачи од сегашниот претседател, Христијан Мицкоски.

Груевски е омилен кај 11,1 отсто од избирачите, додека Мицкоски има поддршка од 10,5 отсто. Дури и шест години по преземањето на претседателското столче во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не успева да го надмине рејтингот на својот претходник.

Оваа анкета е прва која излегува по внатрешниот раздор во опозициската партија во кој Мицкоси и Груевски преку медиумите и социјалните мрежи влегоа во отворена битка. Очигледно ваквиот внатрешен раздор се пресликува и во јавноста, но и има ефект врз рејтингот и стабилноста на партијата на политичката сцена.

Анкетата на „Фокус“ покажува дека големите поделби во ВМРО-ДПМНЕ ја ослабнаа партијата и го намалуваат нејзиниот партиски рејтинг.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *