Македонија Новости Став Топ Вести

Уапсен Ејуп Рустеми, поранешниот директор на Државни патишта

Ејуп Рустеми поранешен директор на Јавното претпријатие на државни патишта. Дрилон Зибери раководител на одделение за наплата на патарини и контрола, Ејуп Љатифи помошник директор за одржување на патишта, Џемал Билбиловски сопственик на агенција за обезбедување, приведени се попладнево и се очекува да бидат изнесени пред судија на претходна постапка, потврдуваат полициски извори за неколку медиуми.

Причините за приведувањето наводно се дека го оштетиле буџетот на државата.

Во текот на неделата, се очекува приведување на уште најмалку 15 други лица. Се работи за поранешни и сегашни службеници и раководители во повеќе институции како ЈПДП, „Македонијапат“, Пазарна инспекција, како и во секторот рударство, јавуваат дел од медиумите.

Институциите сѐ уште не излегле со официјално соопштение за случајот.

Кривична пријава против пет лица поради злоупотреби при јавна набавка во ЈП „Државни патишта“

Министерството за внатрешни работи, официјално соопшти дека поднесле кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Кривичната пријава е поднесена против Џ.Б. (54) од Кичево, Е.Р. (56) од Тетово, Е.Љ. (61) од Тетово, М.Б.  (48) од Скопје и Д.З. (39) од  Тетово и против правен субјект од Кичево.

Против тогашниот управител на фирмата од Кичево и правното лице е поведена истрага за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик, додека за останатите четворица – тогашен директор на претпријатието, еден од потписниците на договорот и двајца надлежни за контрола на реализацијата, се води постапка за кривични дела кои опфаќаат злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службени исправи.

Станува збор за договор за јавна набавка склучен на 08.08.2022 со кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал две години да врши континуирано физичко обезбедување  24/7  на сите 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Иако согласно потпишаниот договорот бил должен, не се придржувал кон обврската и  за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена,  а  на договорниот орган фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување  за целиот период на договорот се до неговото раскинување.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *